Отишол кај ќерка си во Велес и исчезнал - полицијата трага по светиниколчанец

 

Во СВР Велес денеска на пладне 52-годишната Б.П. од Велес пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот татко 76-годишниот  Б.М. од Свети Николе, кој привремено престојувал во нејзиниот дом и кој имал здравствени проблеми.

Портпаролот на СВР Велес, Биљана Ѓаковска информира дека полицијата  презема мерки за пронаоѓање на лицето.

25.07.2025 - 15:25

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега