Отишле на скијање во Маврово, останале заглавени со часови поради гужва
Голем број граѓани кои беа на скијање во Маврово вчера останаа заглавени со часови во километарски колони возила на патот Никофорово-Радика. Во некои од возилата има и мали деца, а возилата им остануваат без гориво.
„Фотографииве се тазе, денешни, вечерашни, сакаш да се вратиш во викендичка, ама те пренасочуваат да се враќаш од кај Леуново и Никифорово, цел круг околу езерото, оти нормални услови за движење од другата страна нема. Колоната е километарска, во недоглед, стоиш во место и не знаеш зошто? Ова го нема никаде, само овде кај нас, оти за жал системот не функционира како што треба“, велат во објавите на социјалните мрежи.
Доцна вечерта беше соопштено дека редиците колони започнале да се движат и дека набргу ќе се реши колапсот во сообраќајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа