Осветлена елката на плоштадот Македонија (ФОТО)

 

Вечерва официјално беше осветлена елката на плоштадот Македонија, веднаш до споменикот на Александар Македонски.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во живо ја пренесуваше атмосферата од плоштадот каде можат да се забележат голем број граѓани, и особено дечиња кои го чекаа осветлувањето.

-Јас сум среќен што плоштадот и оваа година ќе означува нови почетоци и желби за еден понормален и поздрав живот, каков што имавме пред да не зафати светската пандемија, истакна Шилегов.

Во изминатиот период интензивно се работи на украсување на главниот град. И покрај големиот број критики од јавноста и опозицијата дека во време на корона-криза парите за украсување треба да се искористат за други цели, градските власти издвоија 200.000 евра за оваа намена.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.12.2020 - 20:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега