Од ваква сметка боли глава- За парите кои ги потрошиле за пијалоци на Хвар можеле да купат автомобил (ФОТО)

 

Група луѓе во клуб на Хвар платиле неверојатно голема сметка за пијалоци - речиси 100.000 куни (13.000 евра).

-За тие пари би можел да купи автомобил, да речеме половно БМВ 1 од 2015 година, или нова Опел Корса, Цитроен Ц1 ..., пренесува Слободна Далмација.

Пиеле шампањ, коктели, сокови. Сметката е поделена на мрежи.

 Во сметката се наведува дека во вторникот вечерта тие потрошиле скоро 100.000 куни за пијалоци, а најмногу за пет шишиња „фенси“ текила Дон џулио Анехо - 24.000 куни.

Сметката се појави и на социјалната мрежа Редит, некои отидоа да проверат дали сметката е фискализирана, па добија потврден одговор.

14.08.2021 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега