Од полноќ нови цени на горивата

 

Регулаторната комисија за енергетика денеска околу пладне треба да ги објави новите максимални цени по кои од полноќ ќе се продаваат нафтените деривати на бензинските пумпи низ Македонија.
Одлуката доаѓа во време на релативно стабилна цена на суровата нафта на светските берзи која во цела недела се движеше околу 68 долари за барел за трансакции во октомври.
Минатиот понеделник Регулаторната комисија за енергетика за прв пат првата недела во јули донесе одлука со која цената на горивата се зголеми. Бензините поскапеа за 1 денар а дизелот за половина денар па во моментов 95 октанскиот супер се продава за 75 денари а дизелот за 68.
Најевтин дизел во последните 2 години имавме во април годинава кога се продаваше по 64 денари за литар. Во истиот период и бензинот беше најевтин во последните години а еден литар БС 95 се продаваше за 71,5 денари

01.09.2025 - 09:54

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега