Обвинителството тврди дека Палчо од таткото на Вања дознал кое време е на училиште
Обвинителството го прецизираше обвинителниот акт во случајот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Прецизирано е времето во однос на убиството на Вања Ѓорчевска, наместо околу 09.30 часот во времето од 08.30 до 09.30 часот. Убиството на Панче се случило околу 11 часот.
- „Животот е светот што не обединува сите, тоа не е само биолошки. Убиството особено на дете не е само чин на бруталност, туку напад на општеството, тоа не смее да се оправда ниту заборави. Со тоа се уништува довербата и иднината. Морална осуда од цело општество за обвинетите, тие го изгубиле сочувството, емпатијата. Филмско сценарио за кое прво им трбеало возило кое немало проблем да се движи во сообраќај. Ниту еден од обвинетите по убиството на Панче не реагирал како суштество за да се прекине тоа, напротив продолжиле кон дете деветто одделение со ранец, дете кое ниту на сон не им згрешило на обвинетите. Таткото бил омилен на Вања, таа дури и му посветила состав на училиште со наслов „Најдобар татко“. Од првите моменти тој се однесува чудно, со колата тргнува сам да ја бара Вања, без притоа да праша како е и каде е другото дете Миња“, стои во завршните збори на Обвинителството.
Обвинителката Жаклина Јосифовска додаде: - Таткото на Вања им ги дал на обвинетите информациите за движењето на девојчето. Неговото однесување било чудно, постојано зборувал дека Вања е киднапирана, рече Јосифовска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа