Обработени 91,33% од гласовите: Силјановска Давкова 330,270, Пендаровски 164,697


На 91,33% обработени податоци кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова освоила 330,270 гласа, објави Државната изборна комисија.

Според податоците, втор е кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски кој има освоено 164,697 гласа. Трет е Бујар Османи со освоени 112,368 гласа. Потоа следуваат Арбен Таравари со 79,211, Максим Димитриевски со 72,933, Билјана Ванковска 36,614 и Стевчо Јакимовски со 7,632 гласа.

24.04.2024 - 23:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега