Ново поскапување на паркингот во Скопје - катните гаражи со двојно повисока цена

За 100% ќе поскапат месечните карти за вработени за во катните гаражи со кои стопанисува Јавното претпријатие „Градски паркинг“ во Скопје. Според новиот ценовник што треба да биде одобрен на седницата на Советот на Град Скопје в среда, се предвидува цената за месечните паркинг карти во катните гаражи наместо 1.000 да биде 2.000 денари.
Со новиот предлог-ценовник се предвидува и поскапување за по пет денари на сите паркинзие со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“, како за зонските паркиралишта, така и за отворените со рампа.
Еден час паркирање во зона А наместо 45 ќе биде 50 денари, во зона Б наместо 35 ќе биде 40 денари, додека во зоните Ц и Д каде досега еден час чинеше 25 сега ќе биде 30 денари.
Причина за зголемување на цената за паркирање е поради зголемените трошоци за одржување на јавните паркинзи и катните гаражи со кои стопанисува претпријатието. Зголемени се трошоците за вода, струја, одржување на лифтовите и опремата инсталирана на паркиралиштата – соопштуваат од „Градски паркинг“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









