Нов силен земјотрес го погоди Авганистан, десетици илјади загинати во претходните потреси
Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди југоисточен Авганистан во понеделник, според Германскиот геолошки завод.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од околу 10 километри, објави Ројтерс.
Авганистан е погоден од неколку земјотреси со слична јачина во последните денови, при што загинаа најмалку 2.200 луѓе, а најмалку 3.640 се повредени.
Обединетите нации предупредија дека бројот на жртви може да се зголеми бидејќи луѓето остануваат заробени под урнатините додека времето за преживеаните истекува.
Теренот на Авганистан е склонен кон смртоносни земјотреси, особено во планинскиот венец Хиндукуш, каде што се среќаваат индиската и евроазиската тектонска плоча.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа