Нов пожар во селото Беловодица, таму дејствува „Ер трактор“ – пожарот во Јасен сѐ уште најопасен
Нов пожар во селото Беловодица, таму дејствува „Ер трактор“ – пожарот во Јасен сѐ уште најопасен
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов денеска информираше дека во текот на денот досега се регистрирани шест пожари на отворено, од кои четири се изгаснати, а активни остануваат пожарот во НП „Јасен“, кој е најсериозен, и пожарот кој денеска го зафати прилепското село Беловодица, каде на испомош е испратен еден „ер трактор“.
„Во текот на денешниот досега имаме најмалку шест пожари на отворено, два се активни, а останатите изгаснати. Нов шожар е пожарот во атарот на селото Беловодица, општина Прилеп кој што се одвива на големи височини и тешко пристапен терен, поради што денеска испративме еден „ер трактор“ да помогне на прилепските пожарникари“, вели Ангелов.
Тој додаде дека и понатаму, најсериозен пожар останува оној во стрелиштето Јасен, каде има еден активен крак.
„И понатаму најтешкиот пожар останува оној во ловиштето Јасен, кој со деновиве се одвива овде и пожар врз кој дождот немаше никакво влијание, но благодарение на пожртвуваната акција од страна на полициските и армиските специјалци, ги затворивме горните кракови, се разбира и со поддршка со вработените на „Јасен“, „Национални шуми“ и пожарникарите од скопската противпожарна бригада“, додаде директорот.
Ангелов информираше дека од пожарот во „Јасен“ е активен само еден крак, кој оди во насока од ловиштето кон езерото Козјак, односно до ресторанот кој се наоѓа на врвот над езерото.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа