Топузова Каревска: ЛДП има право да ме исклучи

 

Пратеничката на ЛДП, Роза Топузовска Каревска не е изненадена од одлуката на Централниот одбор на партијата да ја разреши од партиските функции. Во изјава за Нова, таа вели дека нема намера да си замине од партијата и дека непочитувањето на една одлука не значи дека не се согласува со партиската политика.

-Toa e едногласна одлука, тоа е право на партијата, легитимно е. Централниот одбор е тој што именува и разрешува. Ако така одлучиле, во ред. 

Факт е дека не го испочитував ставот на ЦО и сметам дека е нивно легитимно право и статурно право да донесат одлука за мое исклучување од раководните органи.

22 години бев член на ЛДП. Имајќи ги во предвид претходните изјави очекував дека ќе се случи тоа. Статутарно не можат сосема да ме исклучат од партијата, а ниту јас ќе побарам. 

Не можам да ги променам своите ставови, ниту одам во друга партија. Непочитувањето на една одлука не значи дека принципите можам лично да ги сменам, моите политички убедувања не ги менувам. 

Немав никакви притисоци ниту барања да го сменам ставот. Разговаравме со Жерновски и имавме коректен и достоинствен разговор, му кажа својот став, тој ми го кажа неговиот. 

Во Собранието ќе ги застапувам ставовите на народот а не на ЛДП, објаснува Топузовска за НОВА.

26.06.2014 - 11:43
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега