Дождот го одложи „Види музика, слушни слика, добиј книга“
Мултимедијалниот настан „Види музика, слушни слика, добиј книга“ кој требаше да се одржи утревечер во Градскиот парк е презакажан за 23 јуни на истата локација поради лошите временски услови.
- Принудени сме да почекаме да се подобри временската прогноза за оркестарот да може непречено да ја изведе предвидената програма. Исто така, сакаме што е можно повеќе граѓани да уживаат во настанот, а доброто време е предуслов за добра посетеност, изјави Маја Чанаќевиќ, директор на Филхармонијата.
„Види музика, слушни слика, добиј книга“ ќе се одржи седми пат под диригентско водство на Мартин Пантелеев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа