Ахмети демантира: Не сме договориле трампа на Пошта за УЈП
Со ВМРО-ДПМНЕ се уште не сме разговарале за ресоти. Претседателот на ДУИ, Али Ахмети ги демантира информциите кои денеска ги објавија некои медиуми за наводен договор за директорското место во Управата за јавни приходи во замена за челната позција во Мкедонски Пошти. Посредбата с оамбасадорот на ОБСЕ Ралф Брет, Ахмети преку писмено соопштение, ваквите текстови ги нарече шпекулации
„Во врска со пишувањето на медиумите Претседателот Ахмети ги отфрли сите шпекулации во медиумите за барањата на ДУИ и распределба на владините ресори заедно со сите спомнати можни имиња.
Г-дин Ахмети се изјасни дека страните разговараат околу осогласувањето на платформите како и за подготовка на заедничка владина програма, додека пак поделбата на власта и начинот на фукционирање на коалицијата ќе се договара на крајот. Но, од сите овие фази, за ДУИ поголема важност има првата точка на договорот со кој се става акцент на Евроатлантската интеграција на земјата во пресрет на самитот на НАТО, извештајот за напредок на Македонија од Европската Комисија за проширување и самитот на земјите членки на ЕУ“ - стои во соопштението испратени од Мала Речица
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа