Причини плус да престанете со пушењето

 

Веќе Ви е познато дека цигарите се штетни за здравјето и свесни сте дека пушењето е поврзано со појавата на многу болести. Меѓутоа знаете ли што сé се наоѓа во цигарите? Од отрови за стаорци до одстранувач на лак за нокти!

Интернет страната Smoke Free Forsyth, која е посветена кон помагање на луѓето од Северна Каролина да престанат да пушат, наведува дека цигарите содржат повеќе од четири илјади хемикалии, а голем број од состојките е идентичен на оние кои се наоѓаат во депониите.

Споменатата веб страна ги открила најшокантните состојки во цигарите, па така меѓу останатите се наоѓа ацетон односно отстранувач на лак за нокти, отров за стаорци, амонијак како средство за чистење во домаќинство, метан и плин кој се наоѓа во запалките!

Цигарите исто така содржат арсен, кој се користи за производство на отров за стаорци, бутан кој се користи за гориво и оцет. Јаглероден монооксид кој е токсичен гас, боја и кадмиум кој се користи за батерии. Покрај споменатите во цигарите се наоѓа и отровoт цијанид кој што е забранет инсектицид!

Но, тука не застанува набројувањето. Како дел од една цигара е и формалинот кој се користи за зачувување на мртви животни, потоа хидразин односно ракетно гориво и киселина која што може да се најде во восок од свеќа. Во цигарите има и олово, кое може да биде отровно во големи количини и полониум, радиоактивен елемент кој предизвикува карцином.

- Еден од проблемите со цигарите е тоа што имаат стотина додатни состојки, не само оние природни состојки кои ги содржи тутунот. Она што дополнително ја комплицира ситуацијата е фактот дека кога тие хемикалии ќе се запалат, тогаш настанува друг облик на хемикалии кои може да имаат дополнителни ефекти врз здравјето на пушачот – изјавил доктор Луз Клаудио за Medical Daily.

American Lung Association потенцира дека за најмалку 69 хемикалии кои се наоѓаат во цигарите е познато дека се токсични и дека предизвикуваат карцином. Организацијата наведува дека пушењето е сеуште водечка причина за прерана смрт во САД, и дека пасивното пушење предизвикува околу 50 илјади смртни случаи секоја година.

Извор: Точка

03.05.2014 - 12:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега