ФОТО: Нов опасен тренд се шири на социјалните мрежи

 

Нов опасен тренд се шири на социјалните мрежи. Овој тренд се повеќе го пласираат познатите, а се работи за стеснување на некои делови од нивното тело, за да се истакна други и за да изгледаат повитки.

Прва со ова започна Ким Кардашијан која си го стеснува струкот за нејзините колкови и задник да дојдат во преден план. 

Психологот Сара Мекмејон вели дека ова однесување на познатите им штети на младите девојки кои имаат Фејсбук или Инстаграм. 

- Тие не тераат да мислиме дека сме далеку од совршени и дека имамемногу недостатоци гледајќи ги сите тие совршено обликувани тела. Се случува младите да гледаат свои слики на Интернет и да се згрозат од себе, сакајќи да имаат вакво тело, вели таа.

Според експертите ваквите слики можат да се забележат со помош на некои неправилности кои настануваат во позадина.

16.04.2014 - 14:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега