Татко ја шокираше ќерка си - поставил камери за да ја снима гола!
Овој татко дефинтивно е татко од пекол. 18-годишната Михаела Шмит имала само 15 години кога дознала дека во нејзината соба се поставени камери за кои таа нема претстава, а истите ги ставил нејзиниот татко за да ја снима гола!
Според податоците од светските медиуми, таткото на спортистката Михаела и поставил камери во собата за да ја снима гола, а потоа истите ги зачувал на својот компјутер.
- Татко ми требаше да ме заштити од се лошо што ми се случува, ова беше голем шок за мене. Ова е нешто најтешко што до сега ми се случило во животот, вели девојката.
Михаела по овој немил настан со години одела на терапија за да се врати на нормалниот живот. Се покажало дека нејзиниот татко боледува од порнографска зависност, па таа сепак нашла сила да му прости.
- Мојот татко мораше да дојде до дното за да промени нешто во животот. По една година затвор за она што го направи, дефинитивно си го спаси животот, па најдов сила да му простам, вели ќерката.
Нејзината мајка и таткото одат на терапија за да ги средат нештата и да го спасат бракот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа