За сите дами: Во Скопје ќе се избираат најубави нозе
Педесетина модели ќе бидат во конкуренција за избор на „Најубави нозе“ на Модниот викенд во Скопје.
Модниот викендзапочнува денеска а трае до 7 април. Изборот за најубави нозе е во организација на Veet во Македонија.
-Светскиот бренд Veet на глобално ниво ги поддржува настаните за мода и убавина. Оваа година за првпат ќе се избира манекенка со ,,Најубави нозе “ која воедно и ќе биде заштитно лице на овој бренд во Македонија. За да се освои оваа титула девојката треба да изгледа самоуверено, да зрачи со позитивна енергија и секако главниот услов да има убави и негувани нозе, изјави Елена Гагиќ, од Меркур Трејд генерален дистрибутер на брендот Veet за Македонија.
По натпреварот, се подготвувафотосесија со девојката која ќе ја однесе титулата најубави нозе.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа