Светските медиуми пишуваат за акцијата на МВР за кражбата во Музејот на Македонија

 

Washington post, ABC news, Dailymail, Heraldstandard, Associated Press и многу други светски печатени и електронски медиуми известија за големата акција на МВР за кражбата која се случи во Музејот на Македонија.

- Mакедонската полиција ги уапси директорот на најголемиот Музеј во земјата, поранешниот директор на Дирекцијата за заштита на културно наследство и уште шестмина други за кражба на 162 антички парчиња накит од музејските збирки. Обвинителството во главниот град, Скопје, изјави дека осуммината осомничени ќе се соочат со обвиненија, вклучувајќи нелегално поседување на културни артефакти, злоупотреба на службената положба и овластувања и несовесно работење во службата. Предметите, најмногу златен и сребрен накит кој датира од 4-тиот век пред н.е., биле земени од депоата во Музејот на Македонија во центарот на Скопје помеѓу ноември 2011 и октомври 2013 година, напиша „Вашингтон пост“ за случајот со кражбата.

Портпаролот на полицијата Иво Котевски изјави за Асошиетед прес дека некои артефакти биле пронајдени во домовите на осомничените, но не се знае уште  дали истите се меѓу 162 украдените предмети. Кражбата била пријавена до македонските власти во октомври минатата година.

 

06.03.2014 - 13:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега