Лазаров: Жерновски да ги повлече фалсификуваните документи и да се извини
Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Центар, Томислав Лазаров, денеска реагираше на изјавите на Андреј Жерновски за наводните организирани протести од јуни 2013 година и прикажаниот наводен документ – записник од 26-та седница на ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ.
- Истакнувам дека се работи за јасна конструкција и обид за фалсификување на документација од страна на градоначалникот Жерновски со цел да се добие покритие за неговите незаконски дејствија откако стапи на функцијата Градоначалник на Општина Центар. Ова е груб и крајно вулгарен обид од страна на Андреј Жерновски преку фалсификување и импутирање на непостоечка документација да најде алиби за својата незаконска и криминална работа во општината, вели Лазаров.
Како претседател на ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ го повикувам Андреј Жерновски во најкус можен рок да ги повлече тенденциозно импутираните и фалсификувани документи кои на денешната седница на Советот на општина ги претстави и јавно да се извини како на мене така и на граѓаните на општина Центар.
Доколку тоа не го стори ќе бидам приморам своите права да ги заштитам со преземање на законски расположливите правни средства.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа