На српски Блиц му пречи што се зборува македонски на X-Factor

 

Откако вчера малата Илма и одговори на македонската водителка Снеже Велков дека не разбира македонски, во салата акде што се одржува X-Factor пукна смеа. Публикаа се смееше бидејќи девојчето не разбира македонски јазик, а тоа, српскиот весник Блиц го искорсти за напшие, дека нашиот јазик премногу се користел во ова балканско шоу.

За да не биде директен напад, Блиц се повика на „коментари на социјалните мрежи“ кои воопшто и не ги наведе.

„Откако почна
X-Factor многумниа се жалат на честата употреба на македонскиот јазик во оваа шоу програма. Гледачите често оставаат коментари на Facebook и Twitter во кои се жалат по ова прашање, бидјеќи, нормално, никој ништо не разбира“ - стои во текстот на Блиц. 

Експресно им пристигна демант и тоа од нивните читатели, Срби, кои пишуваат дка одлично разбираат македонски јазик. 

Ваквиот текст на најтиражниот српски весник, треба да биде само дополнителна мотивација за нашата водителка Снеже Велков како и нашиот Даниел Кајмакоски, секогаш кога ќе можат, да зборуваат исклучиво на македонски, бидјеќи ова е регионално шоу, во кое секој си зборува на својот јазик. 

 

05.02.2014 - 12:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега