ВМРО-ДПМНЕ: Заев фатен во нова лага - еве колку заработил кланот Заеви само во 2012та
Зоран Заев кажа дека неговите фирми и фирмите од кланот Заеви работат со загуба и за жал, повторно излажа.
Фирмите на Заеви, само во 2012 година оствариле заработка, нето оданочен приход од 2 милиони евра.
Сакајќи да го скрие богатството и комодитетот на кланот Заеви, Зоран Заев на новинарско прашање одговори дека фирмите на неговото семејство и неговите партнери работеле со загуба. Но реалноста е друга.
Во 2012 година фирмите на кланот Заеви во кои сопственици се таткото, чичкото, братот, братучедите и други бизнис партнери на Зоран Заев оствариле нето добивка преку своите фирми од 121.642.000,00 денари или 2 милиони евра. Тука се вбројуваат скоро сите фирми на семејството Заеви како:
·
Фирмата ЈАВОР-ТРАНС ДООЕЛ Струмица на Горан Крстев, бизнис партнер на Вице Заев, остварила нето добивка од 8.410.257,00 денари.
·
Фирмата ЈАВОР-ШПЕД ДООЕЛ увоз-извоз Струмица на Симеон Крстев, татко на Горан Крствев, остварила нето добивка од 11.125.229,00 денари.
·
Фирмата ТРГОПРОДУКТ ДОО увоз-извоз Струмица на братучедите Катерина Бојовиќ Заева, Бобан Заев и стрината Убавка Заева, остварила нето добивка од 6.076.156,00 денари.
·
Фирмата ФРЕНКИ ДОО експорт-импорт Струмица на братучедот Трајче Заев, инаку позната на јавноста по скандалот со затруените корнишони во Хрватска, остварила нето добивка од 15.299.306,00 денари.
·
Фирмата ЕЛЕНИЦА Струмица на братот Вице Заев и братучедите Трајче Заев и Катерина Бојовиќ Заева, остварила нето добивка од 44.193.909,00 денари.
·
Фирмата САРА-ЈАВОР ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Струмица на братот Вице Заев и неговиот бизнис партнер Горан Крстев, остварила нето добивка од 7.378.361,00 денари.
·
Фирмата ТОТАЛ ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Струмица на братот Вице Заев, остварила нето добивка од 2.772.929,00 денари.
·
Фирмата ТОТАЛ ЕЛЕКТРИК ДОО увоз-извоз Струмица на братучетката Катерина Бојовиќ Заева, братот Вице Заев и зетот Радиша Бојовиќ Заев, остварила нето добивка од 4.686.654,00 денари.
·
Фирмата ПЕОН ДОО Струмица на братучетката Катерина Бојовиќ Заева и стрината Убавка Заева, остварила нето добивка од 20.647.778,00 денари.
Ова се само дел од фирмите на кланот Заеви кои во 2012 година на ова семејство и на неговите бизнис партнери им донеле чиста заработувачка од неверојатни 2 милиони евра.
Господине Заев, доколку 2 милиони евра за вас претставуваат загуба, колку ли треба да заработат вашите фирми за да се задоволат вашите апетити? Како тоа вашите фирми работат со загуба кога и самите изјавивте дека семејството Заеви е богато семејство?
Ве повикуваме наместо да ја лажете македонската јавност и да го криете богатството на вашето семејство, да излезете и на јавноста конечно да и ја кажете вистината.
Јавноста го заслужува тоа и редно е да објасните како Зоран Заев заедно со семејството може да се збогати толку многу за толку краток период.
(Интегрален текст од прес конференција на Даниела Рангелова, ВМРО-ДПМНЕ)
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа