Арамија влезе во скопска градинка
Засега непознат сторител, ја ограбил градинката „9-ти Март“, лоцирана на улицата „Иван Хаџиниколов“ во Скопје.
Според информациите од полицијата, крадецот провалил во објектот „Пеперутка 2“ во период од 17ти до 20ти јануари, и оттаму одзел три куќишта од компјутери, два монитори со тастатури и мауси.
Се преземаат мерки за откривање на сторителот.
22.01.2014 - 11:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа