Камионот се забил во двор, пикапот целосно смачкан -страшна сообраќајка го потресе регионот
На местото на несреќата кај Лазаревац во градот Шопиќ, каде што се судриле камион и пикап, при што едно лице починало на самото место, сцените се застрашувачки.
Од десната страна на патот се наоѓа пикап, во грмушките, чиј преден дел е целосно смачкан, додека делови од возилото се расфрлани по патот.
Од другата страна на патот се наоѓа камион, кој исто така целосно излетал од патот. Се превртел на страна и се забил во нечиј двор, пробивајќи дрвена ограда.
Полицијата, брзата помош и пожарникарите пристигнале на местото на настанот, а се собрале и голем број мештани.
Како што пренесуваат тамошните медиуми возачот на пикапот, починал.
Сè уште не е познато како се случила несреќата, а сообраќајот на тој пат е целосно запрен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа