Габриела Илиевска од „Поинаку“ влегува во градоначалничката трка за Општина Битола

 

Габриела Илиевска, претседателка на Советот на Општина Битола и членка на независната граѓанска иницијатива „Поинаку“, официјално објави дека ќе влезе во трката за градоначалничкото место во Битола како независен кандидат.

Во својата објава, Илиевска порача дека ќе се бори за, како што вели, „поубава, почиста, непартиска и независна Битола“, повикувајќи ги сите граѓани, без оглед на нивната партиска припадност, да ја поддржат нејзината кандидатура.

„Без уцени за работни места, без уцени за тендери, без уцени за директори, без заплашувања – првпат Битола ќе има шанса да одлучи кој ќе ја води во следните четири години“, истакна Илиевска.

Таа призна дека нема големи финансиски средства за кампања и логистика, но нагласи дека располага со храброст, знаење, интегритет и чесност, кои, според неа, се доволни за да се спротивстави на, како што рече, „30-годишното партиско уништување на градот“.

 

Со оваа најава, изборната трка во Битола добива нова димензија, а Илиевска се позиционира како сериозен независен кандидат кој ја предизвикува досегашната партиска доминација.

18.08.2025 - 10:01

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега