ФОТО: Најубавата пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ доби ќерка

 

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Косана Мазнева по трет пат стана мајка. Таа на свет ја донесе ќеркичката Милица. Нејзиниот сопруг, познатиот снимател Мики Трајковски веста ја сподели на социјалните мрежи. 
„Од овој ден, ти си ми единствена. Се роди мојата ќеркичка Милица. Жива и здрава нека е“ напиша тој на својот профил.

Милица е третото дете на Мазнаева а прво на Мики. Таа од претходниот брак ги има ќерките Ана и Михаела.

Пратеничката, која инаку важи за една од најубавите во составот на владејачката партија, со Трајковски стапи во брак на почетокот на јули. Двојката пред да се венча во врска беше околу една година

05.01.2014 - 00:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега