29-годишната девојка неколку пати се обидела да ја извлече - Потрагата по 16-годишното девојче во реката Вардар продолжува
Вчера околу 16.30 часот во СВР Велес било пријавено дека К.П.(29) од Скопје, со привремен престој во с.Уланци, општина Градско и 16-годишно девојче од с.Уланци, додека се капеле во водите на реката Вардар во близина на село Уланци, малолетничката била одвлечена по течението на реката, информираат од МВР.
„К.П. неколку пати се обидела да ја извлече, но не успеала. Веднаш по пријавата, полициски службеници од СВР Велес во координација со САЕ Тигар, Единицата за специјални намени Волци на Армијата, припадници на Дирекцијата за заштита и спасување, Територијалната противпожарна единица и кајакари од кајакарски клуб од Велес започнале потрага за пронаоѓање на девојчето, која беше прекината во 20.50 часот и продолжи денеска“, соопшти МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа