Интензивна дипломатска недела за Муцунски: Средби во Хаг и Охрид, домаќин на катарскиот министер и учество „Дубровник форумот“
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски вечерва во Охрид ќе го пречека албанскиот министер за надворешни работи Игли Хасани. Муцунски денеска е во работна посета на Хаг, каде ќе има средба со неговиот домаќин, шефот на холандската дипломатија Каспар Велдкамп.
-Понеделник со нова динамика и недела исполнета со интензивна агенда. Утрово во Хаг, заедно со директорот на ТИРЗ Гоце Димовски, ќе остварам средба со шефот на холандската дипломатија. Вечерва, во Охрид – го пречекувам министерот за надворешни работи на Албанија, Хасани, напиша Муцунски на неговата Фејсбук страница.
Муцунски најави дека деновиве ќе биде и домаќин на катарскиот министер, а неделата ќе ја заокружи со учество на „Дубровник форумот“.
-Продолжуваме во Битола и Скопје, каде што ќе бидам домаќин на катарскиот министер. Неделата ја заокружуваме на „Дубровник форумот“. Фокусот е на билатералната соработка, економијата, инвестициите и европската интеграција, наведе Муцунски на Фејсбук.
Денеска во Хаг, министерот Муцунски заедно со директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски, пред холандски бизнисмени во Холандска агенција за претпријатија ќе ги презентираат инвестициските можности кои ги нуди нашата земја во функција на привлекување нови холандски инвестиции.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа