Орце Ѓорѓиевски е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за нов градоначалник на Град Скопје

 

Актуелниот градоначалник на општина Кисела Вода е кандидатитот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за нов градоначалник на Град Скопје. Ова на прес-конфереција го соопшти претседателот на партијата, Христијан Мицкоски.

-Одлуката за Орце се темели на неколку клучни факти. Прво, анкетите покажуваат дека тој води убедливо, дури и петпати повеќе од било кое од решенијата што се споменуваат од СДСМ, второ одлуката за него е резултат на тоа што тој како градоначалник на Кисела Вода со својата максимална посветеност работливост и постојано присуство на терен покажа и докажа дека и умее и сака да работи за граѓаните и од она коешто јас сакам да го кажам за Орце, од овој период што го познавам, а го познавам многу долго време, знам дека е исклучително мотивиран најпрво да победи, а потоа и да победува секој ден за Градот Скопје и за скопјани, рече Мицкоски. 

Рече дека Орце е отворен и достапен работник кој решава проблеми. 

-Нова енергија која му е потребна на Скопје после една четиригодишно девастирање и замреност на Градот. И кога сме кај Градот, верувајте, ги научивме сите лекции за да не погрешиме повторно во изборот за прв човек на Градот. Пред сѐ затоа што Орце е докажан работник и делата кои ги направи во Кисела Вода за општината говорат за него. Сега ќе има нова задача, да го развива Скопје, да ја нормализира неговата работа и да го врати на Скопјани. 

На Седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесени биле одлуки за повеќе кандидати за градоначалници.

-Кандидати за градоначалници се: за Гази Баба актуелниот градоначалник Бобан Стефковски, за Карпош Сотир Лукроски кој доаѓа од приватниот сектор и има успешна професионална кариера со менаџерски способности, за Лозово актуелниот Бошко Петкоски, за Пехчево актуелниот Александар Китански, за Ресен актуелниот Јован Тозиевски, за Зрновци актуелниот Борчо Коцев. Актуелни градоначаланици коишто зад себе имаат резултати и минат труд во изминатиот период, рече Мицксоки.

-На овие избори ние настапуваме со понуда од чесни, некомпромитирани и вредни кадри затоа што токму тоа ѝ недостигаше и на државата и на општините со децении, рече Мицкоски.

 

06.07.2025 - 14:42

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега