Зголемен број на пожари во дебарско

 


На подрачјето на кое интервенира дебарската територијална противпожарна единица, за изминатиот период од годинава регистрираани се повеќе интервенции, главно на отворен простор, споредено со истиот период минатата година. 

-Во периодот јануари-јуни имавме 49 интервенции, што е за 10 повеќе споредено со истиот период лани. Поголемиот број од интервенциите се пожари на отворен простор или 30, на објекти се 10, на сообраќајни средства две и 7 се технички интервенции. И минатата година за овој период поголем број од пожарите се на отворен простор, изјави за МИА, Џетан Мифтароски, Командр на ТППЕ.

Поради високите температури и зголемениот ризик од пожари Мифтароски упатува апел до сите граѓани да се однесуваат одговорно. 

-Упатувам апел за претпазливост, до граѓаните, земјоделците, сточарите, со цел спречување на појава на пожари на отворен простор. Сите треба да бидеме свесни дека со нашето совесно однесување придонесeуваме во заштитата на животна средина, имотите и заедниците во целина. Потсетувам дека од вчера па се до 31 август во сила е целосната забрана за движење во шумите, рече Мифтароски.

Четиринаесетте пожарникари  на оваа единица, интервенираат на подрачјето на општините Дебар, Центар Жупа, како и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше. Од хуман аспект, а во согласност на локалните власти на двете општини, тие интервенираат и во пограничните населени места од албанскиот округ Пешкопеја, при неопходна потреба.

02.07.2025 - 14:34

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега