Трамп: Ќе се случи нешто во Украина, работите ќе се средат
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека верува оти „нешто ќе се случи“ во војната меѓу Русија и Украина, по што ситуацијата ќе се „среди“.
Изјавата ја даде во контекст на неодамнешниот разговор со рускиот претседател Владимир Путин, без да открие детали.
-Работиме на тоа. Претседателот Путин ми се јави и рече: Ќе ми биде драго да ти помогнам со Иран’ Јас му реков: Направи ми услуга: јас ќе се справам со Иран, а ти помогни ми со Русија. Мораме да го решиме овој проблем’. Затоа мислам дека нешто ќе се случи таму, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа.
27.06.2025 - 21:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа