Изгоре стан во Делчево - едно лице во болница
Во пожар што избувна околу 00.20 часот во зграда „Брод“ во Делчево, целосно изгоре еден стан. Во настанот нема повредени, но едно лице е пренесено во Општата болница во Делчево.
На местото на настанот интервенираа три противпожарни возила и екипи од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Делчево, како и припадници на полицијата.
Според информации од ТППЕ Делчево, пожарот целосно е изгаснат во 01.30 часот.
27.06.2025 - 09:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа