Гутереш го поздрави прекинот на огнот меѓу Израел и Иран
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш го поздрави вечерва прекинот на огнот меѓу Израел и Иран и изрази надеж дека примирје ќе биде постигнато и во другите конфликти во регионот.
„Ја поздравувам објавата на претседателот (САД) Доналд Трамп за прекинот на огнот меѓу Израел и Иран. Ги поканувам двете земји целосно да го почитуваат. Борбите мора да престанат“, напиша Гутереш на платформата Икс.
Генералниот секретар на ОН изрази надеж дека „овој прекин на огнот ќе се повтори и во друг конфликт во регионот“, алудирајќи на Појасот Газа.
Трамп соопшти дека денеска стапи на сила примирјето меѓу Иран и Израел. Прекинот на огнот се случи еден ден откако иранските сили нападнаа американска воена база во Катар како одговор на американскиот напад врз нуклеарните постројки на Иран. Во тој напад немаше жртви.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа