Мицевски: Срамота е до каде дојде СДС - најмува тепачи за дестабилизација на државатa

 

Филипче не смее да побара оставка од тепачот Акиов, се плаши ли дека ќе проговори за нивната врска? Дали Венко Филипче молчи и не смее да побараа тепачот од Кочани да си даде оставка од сoветничкото место, затоа што Акиов му кажал дека ќе проговори по чии насоки го направил инцидентот? – прашува Јане Мицевски, пратеник и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Венко Филипче заедно со Зоран Заев сковаа план за дестабилизација на ситуацијата во Кочани, преку тензии и говор на омраза, а тепачот Акиов е нивна алатка која требаше да го запали огнот. Сега откако планот на Филипче и Заев за дестабилизација на Кочани не успеа, тие декларативно го осудуваат чинот, но запреа откако очигледно добија закана дека ќе бидат обелодените. Срамота е до каде дојде СДС да најмува тепачи за дестабилизација на државата и ширење на говор на омраза, вели тој.

22.06.2025 - 13:46

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега