Јаневска на Самит во Истанбул: Како вештачката интелигенција ќе ја обликува иднината на образованието

 


Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе учествува на 6. Меѓународен самит за образовни технологии, што се одржува во Истанбул, од 20 до 22 јуни 2025 година, во организација на Министерството за национално образование и наука на Република Турција.

Како што соопшти Министерството за образование и наука, оваа година собирот на креатори на образовни политики од повеќе земји, претставници на образовни установи, глобални техничко – технолошки компании и технолошки паркови се фокусира на обликување на иднината на образованието преку примена на вештачката интелигенција.

Над 100 учесници на повеќе од 50 сесии ќе ја нагласат трансформативната моќ на дигиталните иновации во образованието и ќе разменуваат искуства поврзани со креирање стратегии за интегрирање на технологијата во образовните системи. Предвидено е и обраќање на министерката Јаневска.

20.06.2025 - 09:18

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега