Средба на Јаневска со студенти и професори од кампусот на Државниот дуален универзитет Баден – Виртемберг

 

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска на Машинскиот факултет во Скопје, ќе оствари средба со група од 60-тина студенти и професори од кампусот на Државниот дуален универзитет Баден – Виртемберг во Манхајм, кои се во студиска посета на Македонија.

- Државниот дуален универзитет Баден – Виртемберг е водечка германска институција за дуално образование која има мрежа од 9 кампуси со над 35 илјади студенти. Кампусот во Манхајм е втор по големина со 6000 студенти на над 45 студиски програми и 2000 компании партнери во образовниот процес. Универзитетот е основан во 1974 година, соопштија од МОН. 

 

03.06.2025 - 08:25

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега