Испитувањата покажаа - Безбедна ли е водата во Скопје?

Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат податоците од направените анализи на 192 примероци од 42 мерни места.
-Секторот за санитарна контрола во периодот од 19.05.2025 до 23.05.2025 зеде 192 примероци за физичко-хемиска и 192 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.
Јавното претпријатие, како што се наведуваат оттаму, со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, овие податоци ги објавува во неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









