ВЛЕН: Носиме решенија за загадувањето во албанските средини
Како резултат на непоколебливата посветеност и проактивниот пристап кон управувањето на ВЛЕН, за прв пат еколошките прашања што директно влијаат на албанските подрачја влегуваат во агендата на меѓународните стратешки партнерства. Во рамките на официјалната посета на Обединетото Кралство и потпишувањето на Договорот за стратешко партнерство меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство, вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити, даде поддршка за елиминирање на депониите за опасен отпад, со фокус на албанските средини кои беа запоставени со децении, велат од ВЛЕН.
„Чистењето на тешкото индустриско загадување во населени места како Ваксинце, Љојани и Јегуноце, кои со години се соочуваат со сериозни последици по здравјето на жителите и животната средина, сега се дел од заедничката инвестициска агенда со Обединетото Кралство. Ова конкретно достигнување е доказ за посветеноста на ВЛЕН кон развојна еднаквост и целосно вклучување на албанските средини во стратешките проекти на државата.
ВЛЕН го смета ова за голема победа за албанските граѓани, особено во регионите кои со години беа игнорирани од државните институции. Вклучувањето на овие подрачја во меѓународни проекти за чистење и рехабилитација на животната средина е важен чекор кон обезбедување на по здрав и подостоинствен живот за сите.
ВЛЕН ќе продолжи со ист интензитет да ги штити интересите на албанските и сите други граѓани на секое ниво и да спроведува политики што одразуваат рамномерен развој, еколошка правда и достоинство за сите“, стои во соопштението на ВЛЕН.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа