Ќе нема струја - ЕВН најави исклучувања за денеска
Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без струја ќе бидат делови од општините Кисела Вода и Сарај.
Како што информира утринава Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, повикувајќи се на информации од ЕВН Македонија, во периодот од 08:15 до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат дел од селото Кондово пред Медреса во општина Сарај, а во периодот од 9 до 12 часот делот позади Стаклара и Каменик во Кисела Вода.
13.05.2025 - 08:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа