Вашата омилена апликација заминува во историјата
„Мајкрософт“, сопственикот на „Скајп“, објави дека официјално ќе ја затвори оваа комуникациска платформа на 5 мај по повеќе од две децении постоење.
Skype беше првата платформа што им овозможи на корисниците пристап до бесплатни аудио и видео повици од компјутер до компјутер низ целиот свет од 2003 година и ги донесе фиксните и мобилните повици на интернет.
Како што изјави „Мајкрософт“, нивната цел е да ја поедностават својата понуда за корисниците и да се фокусираат на нивната „моќна бизнис платформа „Тимс“, кон која милиони преостанати корисници на Skype ќе бидат пренасочени во наредните денови, објавува „Индипендент“.
Во соопштението со кое се најавува крајот на Skype, Microsoft, кој ја купи платформата во 2011 година за 8,5 милијарди долари, призна дека ова е чин на „исклучување на Skype од апаратот за одржување во живот, на кој, реално, беше вклучен десет години“.
Едно од објаснувањата за падот на Skype е тоа што не беше прилагоден за паметни телефони и не можеше да се справи со конкуренцијата од апликации прилагодени за работа од дома како Zoom.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа