Мисајловски: Грижата за вработените е вредност што води кон силна одбрана

 


По повод Меѓународниот ден на трудот, 1 Мај, министерот за одбрана Владо Мисајловски упатува честитка до сите вработени во Министерството за одбрана и сите воени и цивилни лица во Армијата. 

 

„Честит 1 Мај — Меѓународниот ден на трудот!
 
Упатувам искрени честитки до сите вработени во Министерството за одбрана и сите припадници на Армијата, воени и цивилни лица. Вашиот труд, професионализам и посветеност кон службата во Армијата и работата во Министерството се темел за успехот и развојот на нашата институција. Вашата одговорност, иницијатива и секојдневен ангажман се препознаваат и високо се ценат.
 
Како министер и човек останувам посветен на унапредување на условите за работа, почитување и вреднување на правата и можностите за професионален развој. Грижата за правата на вработените во Армијата и Министерството не е само обврска, туку и вредност што нѐ води кон силна и модерна одбрана. Со отворен дијалог и заедничка посветеност со Синдикатите, продолжуваме да ја унапредуваме положбата на секој еден вработен во одбраната и припадник на македонската Армија“, стои во честитката од Мисајловски.
01.05.2025 - 10:31

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега