„Бог нека му суди, моето дете го нема" - Таткото на Невена скршен од болка по трагедијата во Србија
Младата хуманитарка Невена Здравковиќ од Србија, го загуби животот во страшна сообраќајка на само 20-годишна возраст. На 2 Мај требало да го слави својот 21. роденден, а наместо да дува свеќички на тортата, таа замина во смрт.
Младата девојка од Алексинац загина во тешка сообраќајка, а обдукцијата покажала дека смртта настапила по тешките повреди на главата со кои Невена се здобила, кога додека седела на задното седиште на автомобил „Фолсваген", кога на тоа возило налетал автомобил марка „Форд", кој непрописно преминал од една во друга сообраќајна трака, а несреќната девојка од силината на ударот летнала од седиштето преку возачот и совозачот и се забила во шофершајбната.
- Нека му суди Бог на возачот, моето дете веќе го нема...вели несреќниот татко Иван Здравковиќ, за српските медиуми.
Роднините и пријателите се исто така во шок во трагедијата. Велат колку и да е голема казната, сега ќе биде залудно кога Невена ја нема.
Возачот на Фордот бил на црковна венчавка во Белград и тргнал на свадбата во ресторанот кога се случила несреќата.
Уапсен е 32-годишниот Н.П. од Белград, поради основано сомнение дека извршил кривично дело, тешко дело против безбедноста во сообраќајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа