Анализите покажаа: Безбедна ли е водата за пиење во Скопје?
Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат податоците од направените анализи на 147 примероци од 39 мерни места.
-Секторот за санитарна контрола во периодот од 22-ри до 25 април зема 147 примероци за физичко-хемиска и 147 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 39 мерни места во Градот Скопје.Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.
Јавното претпријатие, како што се наведуваат оттаму, со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, овие податоци ги објавува во неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа