ЗНАМ за наша Македонија почна кампања „Заедно повеќе знаеме“

 

Дел од раководството на Движење ЗНАМ - За Наша Македонија предводено од претседателот на партијата, Максим Димитриевски, синоќа оствари средба со членови и симпатизери од ОО на ЗНАМ-Куманово, како дел од кампањата „Заедно знаеме повеќе“ во насока на подготовки за локалите избори.

Од Движењето ЗНАМ соопштија дека  целта е раководството на партијата директно да се запознае со проблемите на граѓаните и да се слушнат нивните предлози, сугестии и мислења, коишто ќе послужат за креирање на програмата за претстојните локални избори.

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија своите политики ги гради на транспарентен начин, демократски и во соработка со граѓаните. Во програмата на движењето ЗНАМ – За Наша Македонија за локалните избори главниот фокус ќе биде на решенија за подобар локален живот – урбанистички планови, инфраструктурни проекти и транспарентно управување
со општинските буџети, соопшти паријата. 

Од партиското ртаководство, покрај Димитриевски присуствувале и организацискиот секретар Сашо Петрушевски, пратениците Даниел Стојчевски, Даниела Белимова и Миле Цеков, членовите на ИО Катерина Тодороска, Јасмин Циривири и Ивана Ѓорѓиевска.

24.04.2025 - 08:34

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега