Извлечено возилото од Дунав, Бугарин го возел комбето

 

Инфоцентарот за сообраќај при Романската полиција во овој момент информира дека „патниот сообраќај е повторно воспоставен на патот DN 6, каде што возило излетало од коловозот и потонало во Дунав“.

Според наведените извори, од првичните истраги е утврдено дека станува збор за комбе, управувано од бугарски државјанин, кој бил сам во возилото.

„Се спроведуваат понатамошни истраги за да се утврдат сите околности на сообраќајниот инцидент“, соопшти Инфоцентарот за сообраќај.

14.04.2025 - 21:03

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега