Трагичен крај на потрагата: Исчезнатиот планинар од Велес пронајден починат
Потрагата по исчезнатиот планинар Стојче Пецевски заврши трагично.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) со жалење информира дека лицето по кое се трагаше е пронајдено починато. Во моментов нема информации за причините за смртта.
„Официјалната потрага ја водеше Министерството за внатрешни работи (МВР), а во текот на ноќта, покрај членовите на семејството, во потрагата активно учествуваше и искусниот планинар и спасител Надир Мурсели“, соопшти ЦУК.
Планинарот бил пријавен за исчезнат Ввчера околу 10.50 часот во реонот на велешкиот рид Гроот.
14.04.2025 - 12:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа