Авион на Ер Франс морал принудно да слета бидејќи патник си го загубил телефонот
Авионот Боинг 777-300ЕР кој полетал од аеродромот Шарл де Гол во 11:51 часот со вкупно 375 патници и 12 членови на екипажот, бил принуден да се врати и да слета на аеродромот Орли откако екипажот не успеал да го пронајде телефонот на еден од патниците.
И покрај темелното пребарување на кабината, тие не успеале да го најдат, што претставува потенцијална опасност за безбедноста на летот поради можноста уредот да се прегрее или да се заглави во недостапни делови од кабината.
Авионот кружел во воздухот околу еден час на височина од 31.000 стапки во близина на брегот на Франција, пред екипажот да донесе одлука да се врати на аеродромот. Летот AF750 безбедно слета на пистата 06 на аеродромот Орли во 14:06 часот, нешто повеќе од два часа по полетувањето.
Техничките тимови на „Ер Франс“ моментално работат на лоцирање на исчезнатиот телефон, за да може авионот што поскоро повторно да полета кон својата дестинација.
Иако ваквите ситуации не се вообичаени, мерките на претпазливост бараат строги правила, особено кога станува збор за електронски уреди кои можат да ја загрозат безбедноста на летот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа