ВИДЕО: Ветрот го шири огнот во Струмица - се гасне со сите капацитети

 

Попладнево неколку медиуми јавуваат за голем пожар кај Струмица во реонот меѓу Софилари, Градски гробишта, Баница. Тие велат дека гори на три страни и дека ветерот го разгорува пожарот.

Инаку, градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов со реакцијата на социјалните мрежи ја потрвди оваа информација и соопшти дека сите капацитети на ТППЕ Струмица се на терен.

„Овие луѓе до последна капка крв и пот даваат се од себе, да одговорат на над 10 свесно запалени земјодлески површини во еден ден. Во денови на жалост,жалиме сите и пожарникарите и инспекторите и сите ние како граѓани, зарем е ова човечки, што уште треба да дадат овие наши пожарникари и инспектори?“, реагираше Костадинов.

 

Костадинов апелира инспекторатот за земјоделство да соработува и да излезе веднаш на терен.

21.03.2025 - 19:22

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега