Инспекции во Битола: Проверка на локалите на Широк Сокак и низ градот
Општинскиот инспекторат во Битола, во координација со Државниот пазарен инспекторат и СВР Битола, денеска ќе спроведат проширена контрола и на битолските локали и кафе барови.
Од секторот за односи со јавност на Општина Битола претпладнево соопштија дека акцијата ќе се одвива во кафе барови кои во најголем дел се лоцирани на Широк Сокак, во битолската чаршија, во новиот пазар во Нова Битола и на други места.
- Контролите ќе опфаќаат проверка на потребната документација, согласно Законот за угостителска дејност. Општинскиот инспекторат на терен редовно врши контрола на битолските локали и околу дозволите за поставување на урбаната опрема пред локалите, се нагласува во соопштението од Општина Битола.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа