Солидарност на дело: Собрани над 51 милион денари за настраданите во Кочани
Досега се собрани 51.822.579 денари за за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани и за нивните семејства, соопшти денеска Црвениот крст.
Оттаму информираат дека се во фаза на подготовка за првична исплата на собраните средства за најитните потреби наменети за настраданите од пожарот.
Повикуваат и понатаму сите заедно да ја покажеме хуманоста и солидарноста за настраданите и упатуваат голема благодарност до сите кои донираа.
22.03.2025 - 10:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа