Отстранети диви депонии во Кисела Вода, Центар и Ѓорче Петров
Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје во текот на изминатото деноноќие отстраниле приближно 70 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во скопските општини Кисела Вода, Центар и Ѓорче Петров.
Како што информира ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје, во општината Кисела Вода се реализирани активности на улицата „Христо Татарчев“ во близина на спортската сала Расадник, каде се подигнати 30 кубни метри кабаст отпад одложен на тревна површина.
На улицата „50 Дивизија“ во општина Центар се отстранети 20 кубни метри претежно мешан комунален отпад одложен на сообраќајна површина.
Интервенирано е и на улицата „Борис Сарафов“ во скопската општина Ѓорче Петров, каде се расчистени 20 кубни метри непрописно одложен кабаст и отпад од картонски пакувања.
- Еко-патролата при ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје во текот на вчерашниот ден спроведе интервентни дежурства во општина Ѓорче Петров, при што се извршени едукативни разговори со дваесетина граѓани затекнати при непрописно одлагање отпад, се наведува во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа